Што зборуваат вашите навики под тушот за вас?
За многу луѓе, времето поминато под туш е најзначајниот дел од денот.
Туширањето не е само чин на лична хигиена, туку и момент на уживање, кога сме слободни да размислуваме за што и да посакаме. Во светот постојат различни типови луѓе што ќе ги разберете подобро ако ги знаете нивните навики под тушот.
На пример, многу луѓе сакаат да пеат додека се тушираат. Ако некоја личност пее гласно додека, да речеме, ја шампонира косата, големи се шансите дека таа личност е гласна и полна со самодоверба надвор од бањата исто така.
Таквите луѓе не се грижат дали некој ќе ги чуе, а уште помалку што мислат другите за нивните вокални вештини. Класичните „пејачи под туш“ често ќе кажат нешто во стил на: „Најдобрата акустика е во бањата“ или „Немав поим колку време поминало“.
Погледнете подолу кои други навики за туширање кријат интересни значења и што сето тоа може да каже за вас како личност…