Кон крајот на 2025 година можеме да заклучиме дека сивата сукња успеа да стане вистински хит и сите знаци укажуваат дека ќе продолжи да доминира и во новата сезона.
Првпат ја забележавме преку плисираните модели на брендот Миу Миу во различни должини, кои брзо станаа омилени меѓу тренди девојките. Но, дополнително, многу модни куќи вклучија сиви сукњи во своите зимски колекции, создавајќи така нов моден правец.
Сивата сукња е класика, но оваа година добива свежи детали и изгледа целосно модерно. На прв поглед, некои модели потсетуваат на училишна униформа – што и не е чудно, со оглед дека Миу Миу сакаше да го оживее препи стилот. Но, во суштина, сивата сукња е многу функционално парче што може да се вклопи во најразлични комбинации.
Можете да ја носите на работа со бела кошула за елегантен изглед, или пак со плетен џемпер и хулахопки, како дел од поопуштен, гранџ стил. Алекса Чанг ја комбинираше сивата сукња со кожна јакна за еден супер модерен изглед што веднаш привлекува внимание.
Сега се смета за нова класика која вреди да ја додадете во вашата гардероба. Наместо уште една црна сукња, оваа сезона одлучуваме да носиме сива. Разгледајте ги моделите од галеријата на фотографии и изберете ја онаа што најмногу прилега на вашиот стил.