Дваесет години – толку поминаа од разводот на Џенифер Анистон и Бред Пит, а светот сè уште со носталгија ја коментира нивната љубовна бајка од златното време на Холивуд.
Овие двајца беа ИТ пар на крајот од деведесеттите – совршена комбинација од гламур, блескави насмевки и црвени теписи. Се запознаа во 1998 година, се венчаа под сонцето на Малибу во 2000-та, а секоја нивна заедничка прошетка пред фотообјективите беше насловна вест. Приказната, секако, завршува во 2005 година со исто толку медиумски шум, токму кога Пит веќе беше во врска со Анџелина Џоли.
Но, и по две децении, романската приказна на Анистон и Пит останува тема за вечен архив на поп културата. Неодамна, Џек Озборн, синот на Ози Озборн, го сподели еден сочен детаљ од минатото во шоуто „I’m a Celebrity…Get Me Out of Here!“ – сосема неочекувана ситница, која, како што се испостави, обожаваниот пар никогаш не ја пропуштал.
Нивниот ритуал? Вечерни серии во кревет.
Не гламурозни филмски проекции, не приватно кино во вилата – туку „The Osbournes“, култното реалити шоу на MTV за најнеобичната фамилија од Беверли Хилс. Емисјата беше огромен хит од 2002 до 2005 година, а според Озборн, токму таа серија Бред и Џенифер ја гледале опсесивно, една по една епизода. Пит му рекол: „Го обожаваме твоето шоу. Џенифер и јас бараме снимки и секоја вечер во кревет ја гледаме.“
Искрено симпатично, приземно, дури и неочекувано нормално. И можеби токму тука лежи најубавиот дел од целата оваа приказна – зад насловните страни, раскошните премиери и статусот на суперѕвезди, тие двајцата имаа една сосема обична навика, иста како кај половина свет во зима: серија + ќебе + кревет = мини рај.
Холивуд ја преферира драмата, таблоидите ги обожаваат раскинувањата, но публиката сè уште најмногу ги сака токму оние мали моменти кои ги претвораат ѕвездите во луѓе. А ова е токму таков момент – мал, сладок, целосно филмски.