Печени праски со карамелизирани ореви и сладолед
Нема ништо поубаво од десерт кој спојува едноставност, луксузен вкус и летна свежина во само еден залак.
Печените праски со карамелизирани ореви и сладолед претставуваат совршена хармонија од топли, сoчни праски, крцкави ореви збогатени со златна карамела и ладен, кремаст сладолед кој се топи во уста. Овој десерт не само што изгледа прекрасно, туку е и вистинска експлозија на текстури и ароми што ќе ги разгалат вашите сетила и ќе го претворат секој миг во посебно уживање. Без разлика дали сакате да импресионирате гости или да се почестите себеси, овој рецепт ја спојува елеганцијата и удобноста во секој залак.
Состојки:
- 2 праски
- 100 грама ореви
- 2 лажици мед
- 5 лажици шеќер
- 50 грама путер
- стапче цимет
- малку сол
- 100 мл вода
- 2 топки сладолед
- листави од нане
За овој десерт важно е да одберете големи и зрелe, но цврсти праски. Карамел сосот треба да се приготвува кратко – само една до две минути, во спротивно ќе изгори и ќе стане горчлив. Највкусно е кога се послужува топло – тоа создава убав контраст со ладниот сладолед, но може да се јаде и кога праските се оладени.
Како да подготвите праски со карамелизирани ореви и сладолед?
Во мала касерола ставете го шеќерот, медот, солта и циметот, налејте со вода и оставете да зоврие. Потоа додадете ги оревите и варете околу 5 минути. Потоа, сето тоа префрлете го во загреан тава заедно со путерот и пржете околу 2 минути.
Праските исечете ги на половини и извадете ја коската. Во истиот тава со сирупот додајте ги праските и пржете ги околу 5 минути. Поставете ги праските во садови за сервирање, додајте по една топка сладолед, прелијте со преостанатиот сируп и украсете со листови од нане.