Home Љубов и секс Как влијаат чевлите на вашиот оргазам?

Как влијаат чевлите на вашиот оргазам?

Ако не можете да доживеете оргазам или тој не е толку интензивен како некогаш, не ја обвинувајте вашата партнерка или партнер, туку – вашите омилени чевли!

Италијанската урологинка д-р Марија Ќеруто во своето истражување докажала дека чевли со средна висина на штикли придонесуваат за подобра форма на нозете и зајакнување на мускулите на карлицата, кои директно се поврзани со постигнување оргазам.

Таа утврдила дека жените кои носат чевли со потпетици од околу 4 сантиметри имаат одржано држење на телото, слично како оние што носат рамни чевли. Со такви чевли, мускулите на карлицата се поставени во позиција што го поттикнува нивното зајакнување и ја подобрува способноста за контракција, што исто така може да доведе до поинтензивен оргазам.

Што се случува со високите штикли? Многу модели со потпетици повисоки од 10 сантиметри се дизајнирани така што позицијата на женското тело и карлицата потсетува на нивната состојба при доживување оргазам. Високите штикли предизвикуваат собран карактер на карлицата, што може да биде проблематично, затоа што не се одразува позитивно врз самото постигнување оргазам за време на интимен однос.

Како што објаснува д-р Џедан Фромберг, гинеколог и коавтор на книгата „Вагина: една нова биографија“: „Оргазмот најчесто е како забрзување од нула до шеесет. Ако веќе сте на педесет и пет – поради високите потпетици – го губите чувството на целосното доживување.“

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Љубов и секс
Comments are closed.

Check Also

5 силни „да“ за женската мастурбација

5 ГОЛЕМИ „ДА“ ЗА ЖЕНСКАТА МАСТУРБАЦИЈА Иако женската мастурбација отсекогаш постоела, за н…