Home Мода и убавина Дали сте зависни од балсам за усни?

Дали сте зависни од балсам за усни?

ДАЛИ СТЕ ЗАВИСНИ ОД БАЛЗАМ ЗА УСНИ?

Студената и ветровита есен, а особено претстојните зимски месеци, можат да ги направат усните суви, па затоа користењето на хранливи и хидратантни балзами станува речиси неопходно ако сакаме да избегнеме лупење и пукање на усните.

Повремено навлажнување на усните е сосема нормално и пожелно. Проблемот започнува кога почнувате да ги мачкате усните и кога нема реална потреба за тоа. Дали можеби сте еден од оние кои компулсивно користат балзам, од навика, дури и кога усните ви се во одлична состојба?

Првиот чекор при секоја зависност е, секако, да си признаете дека имате проблем. Ако се пронајдете во некое од следниве тврдења, можеби е време посериозно да размислите за вашата навика:

  • Никогаш не излегувате од дома без балзам. Клучеви? Да. Телефон? Тука е. Балзам за усни? Двапати проверувате, за секој случај.
  • Ова ви стана дел од секојдневната рутина. Го користите неколку пати дневно, без ни да забележите. Не е важно дали усните ви се напукнати или не, само ви годи чувството на свежо намачкани усни.
  • Имате балзами насекаде. Освен што имате неколку на дното од чантата, има и во автомобилот, во фиоката под бирото, меѓу перниците на каучот, на ноќната масичка, во бањата и во џебовите – за секој случај.
  • Секој пат кога влегувате во аптека, купувате барем еден нов балзам.
  • Ве фаќа паника кога ќе сфатите дека немате балзам со себе.
  • Не можете да си замислите ниту секунда без совршено глатки и нахранети усни.
  • Луѓето веќе забележале дека претерувате. Пријатели и колеги веќе ве гледаат чудно кога повторно го вадите балзамот и го нанесувате, секои пет минути.

Ако најдовте себе си во повеќето од горенаведените точки, време е за акција.

Како прв чекор, соберете ги сите балзами од чантите, џебовите, фиоките… Откривте ли дека можете да отворите продавница за балзами за усни?

Следи вториот чекор. Погледнете колку балзами имате и проверете им го рокот на траење. Оние кои се блиску до истекување или се скоро празни, ставете ги напред, за да ги потрошите први. Остатокот ставете ги заедно во некоја фиока. Распоредете го користењето на начин што ќе имате само три во употреба – еден на ноќната масичка, еден во чантата и еден во канцеларија. Да, три се доволни!

Но сега следува најтешкиот дел. Секој пат кога ќе посегнете по балзам, запрашајте се – дали навистина ми е потребен во моментов? Ако усните се груби и суви – продолжете. Но ако се меки и сосема во ред, воздржете се. На тој начин не само што нема да ги навлажнувате усните кога не е потребно, туку и ќе заштедите пари.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Мода и убавина
Comments are closed.

Check Also

Зошто фланелената карирана кошула повторно е моден хит?

Најстилизирани жени на денешницата повторно се враќаат кон овој скромен, но култен моден п…