Home Рецепти Слатка есен во чинија – чизкејк со тиква без печење

Слатка есен во чинија – чизкејк со тиква без печење

Вистински есенски десерт!

Тиквата e несомнено главна ѕвезда во есенското мени – идеална е и за солени јадења и за десерти кои ги обожуваме кога надвор е свежо и лисјата паѓаат. Овојпат ви носиме нешто слатко – чизкејк со тиква што не се пече, ниту се вари!

Состојки:

210 грама мелен грахам кекс

120 грама стопен путер

680 грама крем сир

240 милилитри матена слатка павлака

120 грама шеќер во прав

340 грама пире од тиква

1 мала лажичка мелен цимет

1 мала лажичка ванила

слатка павлака за сервирање

Подготовка:

Во една чинија измешајте ги мелените грахам кекси со растопениот путер, и мешајте додека не се соединат. Смесата префрлете ја во калапот во кој ќе го сервирате чизкејкот. Попресувајте ја рамномерно на дното и странично околу 2 сантиметри во височина.

Во голема чинија изматете го крем сирењето со слатката павлака – матете околу 3 до 4 минути додека не добиете изедначена смеса. Додајте го шеќерот во прав, пирето од тиква, циметот и ванилата и мешајте додека не добиете кремаста текстура.

Смесата ставете ја врз подлогата од кекс, израмнете, покријте со проѕирна фолија и оставете во фрижидер најмалку 6 до 8 часа, најдобро преку ноќ.

Пред сервирање украсете го со шлаг од слатка павлака и послужете.

На здравје!

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Рецепти
Comments are closed.

Check Also

Печени праски со карамелизирани ореви и сладолед

Печени праски со карамелизирани ореви и сладолед Нема ништо поубаво од десерт кој спојува …