Home Живот и здравје Дали е здраво или само изгледа така? Сушеното овошје под лупа на нутриционистите

Дали е здраво или само изгледа така? Сушеното овошје под лупа на нутриционистите

Мораме да го разобличиме овој мит, бидејќи е навистина вкусно!

Сите сакаме во текот на денот да зграбиме рака суви сливи, брусници, кајсии… И нормално е да мислиме дека правиме правилен избор – на крај краева, тоа е само овошје. А овошјето е сигурно подобро од чоколадо, нели? Но, дали е можно да живееме во заблуда и всушност сувото овошје да не е толку здраво како што мислиме?

Зошто НЕ е добро:

Сувото овошје е всушност свежо овошје од кое е отстранета водата. Кога ќе се извлече водата, секое парче станува многу помало, што значи дека ќе мора да изедете многу повеќе од него за да се заситите, во споредба со свежата варијанта. Замислете вака: во една чаша може да собере многу повеќе суво отколку свежо грозје. А митот дека сувото овошје има повеќе шеќер поради сушењето – едноставно не е точен. Проблемот е што во една шолја суво грозје ќе внесете многу повеќе шеќер од природно потекло, отколку со иста количина свежо – едноставно затоа што физички собира повеќе. Логично е, нели?

Зошто Е ДОБРО за вас:

И понатаму, ова е далеку поздрав избор за ужинка во споредба со чипс или чоколадни колачиња. Станува збор за здрави калории и растителни влакна што веднаш даваат енергија – затоа спортистите често јадат суво овошје за време на тренинг. На кратко, ако го консумирате сувото овошје умерено – препорачаната доза е четвртина шолја – и при тоа внимавате да не е со додаден шеќер, тогаш сте на добар пат да останете во форма.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Живот и здравје
Comments are closed.

Check Also

Кардамом – тајниот ароматичен бисер што го преобразува здравјето од самиот корен

Во Индија го нарекуваат крал на зачините, а остатокот од светот го третира како мал, мирис…