Есента е веќе тука, а со неа доаѓа и нова ера на бои, текстури и елегантни слоевити комбинации што со нетрпение ги очекуваме.
Додека плакарот ни е сè уште поделен помеѓу ленени фустани и предимензионирани блејзери, постои еден едноставен начин полека да преминеме во есенски мод. Тоа е преку боите. А ако се прашувате која нијанса ќе доминира на модната сцена оваа есен, одговорот е јасен: новото бордо – виолетовата!
Да, токму таа кралска, мистериозна нијанса што ја комбинира силата со софистицираноста, и се среќава насекаде – од модните писти во Париз до улиците на Копенхаген. Минатата година модните девојки беа опседнати со бордо, но оваа сезона сè се врти околу моќниот спектар на виолетови тонови – од слива до нежна лаванда. Дизајнерски имиња како Гучи, Прада и Сен Лоран покажаа како оваа боја може да биде и романтична и смела истовремено.
Во дневните комбинации – виолетовата совршено се вклопува со тексас и беж тонови, додека за вечерни излегувања, добар избор е сатенски фустан во нијанса на слива со златни обетки и темни усни. А ако сè уште не сте подготвени за целосен “виолетов момент”, започнете полека: додадете чанта, лак за нокти или пар кожни ракавици во оваа боја.
Оваа есен, бојата на страста и елеганцијата ја презема главната улога. Од улична инспирација до луксузни изгледи, виолетовата е тука за да го подигне вашето расположение и да внесе малку драма во секоја комбинација.
Вдахновете се од фотографиите во галеријата.