Ако барате природен суперхерој во вашата beauty-рутина, време е да го запознаете маслото од слива – моментално вистински хит во светот на нега на кожа
Не е чудо што стана must-have кај трендсетерките – комбинира anti-aging моќ, длабинска хидратација и природен сјај што секоја кожа го посакува.
Од јадрото на сливата до кожата – мала магија со големи резултати
Маслото од слива се добива од јадрото на сливата и претставува вистински superfood бисер, како во исхраната, така и во нега на кожа. Богато е со витамини Ц и Е, силни антиоксиданси кои штитат од штетните слободни радикали, ја зачувуваат еластичноста и се борат против првите знаци на стареење. Резултатот? Кожа која изгледа свежо, затегнато и блескаво.
Што сѐ може да направи за кожата и косата
Сијаличен тен: Витаминот Ц ја осветлува и изедначува бојата на кожата и ѝ дава здрав сјај.
Против стареење: Витаминот Е смирува и штити, ја намалува видливоста на ситни линии и брчки.
Хидратација без мрсно чувство: Брзо се апсорбира и ја прави кожата мека и нежна.
Смирување на кожа: Идеално за чувствителна кожа што лесно се црвени или суши.
Сјајна коса: Може да се користи и како третман за врвовите, давајќи ѝ на косата здрав и сјаен изглед.
Како да го користите – едноставно и ефикасно
Како додаток во крема: Неколку капки во омилената хидратантна крема и ефектот е моментален.
Самостојно: 2–3 капки на чисто лице пред спиење за нутритивен boost.
За коса: Нанесете од средината на влакното до врвовите за сјајна и здрава коса.
Маслото од слива е доказ дека природната нега може да биде и луксузна и едноставна истовремено. Совршен сојузник за сите што сакаат светкава, хидрирана и младешка кожа без комплицирани рутини и хемија.