Ноќната рутина што го менува твоето лице додека спиеш (и не, не е бајка).
Нема ништо помагично од да се разбудиш со лице што изгледа одморено, свежо и сјајно – како некој да пуштил филтер во реалната верзија на твојата кожа. Тајната не е во скапи третмани или чудесни маски, туку во паметна вечерна нега што работи додека ти одмораш. И не мора да биде комплицирана – само 5 чекори и неколку трикови, и кожата ќе ти биде благодарна.
1. ЧИСТЕЊЕ – НАЈВАЖЕН „РЕСЕТ“ НА ДЕНОТ
Заборави на изговорот „преуморна сум да ја смијам шминката“. Сè што се насобира во текот на денот – шминка, прашина, себум и остатоци од СПФ – останува заглавено во порите и создава хаос. Добар гел, пена или маслен чистач е првиот чекор кон кожа што дише.
2. ТОНИК – МАЛА ТАЈНА ЗА ГОЛЕМА РАВНОТЕЖА
Тониците или освежувачките мистовите не се само моден додаток, туку вистински „освежувач“ на кожата. Го враќаат pH-балансот и ја подготвуваат кожата подобро да ги впие следните производи. Како да ѝ кажеш: „Подготви се, доаѓа луксузот!“
3. СЕРУМ – МАЛО ШИШЕНЦЕ, ГОЛЕМО ЧУДО
Серумите се како супер-храна за кожата – полни со концентрирани активни состојки. Витамин Ц за сјај, хијалурон за хидратација, ретинол за борба со брчки… Избери што ѝ треба токму на твојата кожа и гледај како ќе го смени расположението во само неколку дена.
4. НОЌНА КРЕМА – СОЈУЗНИК ОД СОН
Додека ти спиеш, твојата кожа работи со полна пареа. Затоа ѝ годи богата, хранлива крема што ќе ја обнови и навлажни до утрото. Вистински спа-третман, и тоа без да излезеш од креветот.
5. КРЕМА ЗА ОЧИ – МАЛ ЧЕКОР, ГОЛЕМ ЕФЕКТ
Најтенкиот и најделикатен дел од лицето заслужува посебна грижа. Ако сакаш да се збогуваш со подочњаци и отеченост, кремата за очи е незаменлив дел од вечерната рутина.
Бонус совет: Нема крема што може да го замени квалитетниот сон. Затоа, барем 7–8 часа спиење и, ако сакаш дополнителен луксуз, замени ја обичната перница со сатенска навлака. Кожата (и косата) ќе ти бидат благодарни.