Home Шоубизнис Остварен сон: Катарина Живковиќ покрај станот во Земун сега горда сопственичка на вила на луксузна локација

Остварен сон: Катарина Живковиќ покрај станот во Земун сега горда сопственичка на вила на луксузна локација

Остварен сон: Катарина Живковиќ покрај станот во Земун, горда сопственичка на вила на луксузна локација

Катарина Живковиќ неодамна стана сопственичка на куќа во Грција, а самиот процес на купување траел околу две години. Како што вели пејачката, сè започнало за време на летниот одмор пред две години, кога првпат ја забележала куќата и веднаш се вљубила во неа. Изминатите две години ги вложила во остварување на својот сон – да стане сопственичка на дом крај море.

„Две години преговарав за таа вила во Грција. Се наоѓа во местото каде летував ова лето, и уште тогаш знаев дека тоа ќе биде моето место за мир. Конечно, таа куќа ќе биде моја. Тоа е сон што го остварив,“ изјави Катарина, додавајќи дека реализацијата на куповината не била нималку лесна.

„Процесот на купување се одолжи, пред сè поради цената и документите. Имаше доста неизвесност, но бев упорна, затоа што верував во тоа. На крај успеавме да се договориме и сега со гордост можам да кажам дека имам свој дом во Грција. Не е преголем трошок ако можеш да го приуштиш, тогаш не е скапо. Но, се борев да ја намалам цената,“ откри пејачката за Ало.

Сега, Катарина планира летните месеци да ги минува токму таму, заедно со својот син Стефан и партнерот кого вешто го крие од очите на јавноста, уживајќи во својот нов дом со поглед кон морето.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа силна порака до младите девојки

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа важна порака до младите девојки …