Маја Огњеновиќ се огласи по веста за разводот: Испрати силна порака
Данило Икодиновиќ и Маја Огњеновиќ беа скоро десет години во хармоничен брак, па затоа веста за нивната разделба изненади и шокираше голем дел од јавноста во регионот.
Според пишувањата на медиумите, парот одлучил да се раздели достоинствено – без јавни расправии или тешки зборови. Во меѓувреме, Маја отстрани најголем дел од заедничките фотографии од социјалните мрежи, што многумина го протолкуваа како дефинитивен крај на бракот.
Одбојкарката сега се огласи преку својот Инстаграм профил, иако не даде официјални изјави ниту откри детали за разводот, нејзината порака беше јасна.
Имено, таа сподели објава од фан-страница, на која е прикажана нејзина фотографија од теренот, со натпис:
„Заслужуваш најдобро, секогаш биди среќна.“
Со оваа објава, Маја јасно стави до знаење дека и во моменти на лична болка одбира да остане позитивна и достоинствена.
Иако се претпоставува дека разводот е тежок за двајцата, пораката што ја испрати до своите следбеници покажува дека животот продолжува, и дека таа, со подигната глава и насмевка, ќе продолжи по својот пат.
Да потсетиме, последното заедничко појавување на Маја и Данило беше во јуни годинава, на матурската свеченост на неговата ќерка Хана Икодиновиќ, каде што изгледаа среќно и насмеано. Само неколку месеци подоцна, одлучија да стават крај на нивниот брак.