Се разведуваат Данило Икодиновиќ и Маја Огњеновиќ
Познатата одбојкарка Маја Огњеновиќ и Данило Икодиновиќ одлучиле да стават крај на својот брак, пренесуваат српските медиуми.
Извори блиски до парот тврдат дека недоразбирањата меѓу Данило и Маја биле сѐ почести во изминатите дванаесет месеци. Иако низ годините успевале да ги надминат личните и професионални несогласувања, летово заеднички решиле да ја завршат својата љубовна приказна која траела повеќе од десет години, објави Телеграф.
Данило Икодиновиќ и Маја Огњеновиќ се разведуваат по девет години хармоничен брак и долготрајна романса.
Одлучиле разделбата да биде мирна и достоинствена, па Маја сама заминала во Италија, каде што веќе извесно време живее поради своите спортски обврски.
Данило останал во Белград, а двојката од летово веќе не живее на иста адреса.
Маја од својот Инстаграм профил ги избришала поголемиот дел од заедничките фотографии со Данило. Сепак, досега ниту едниот ниту другиот не се огласиле официјално по повод разделбата.