Home Шоубизнис И водителка и пејачка, само не по професија: Ќе се изненадите што завршила Гоца Тржан

И водителка и пејачка, само не по професија: Ќе се изненадите што завршила Гоца Тржан

И водителка и пејачка, само не она што и стои во дипломата: Ќе се изненадите што завршила Гоца Тржан

Гоца Тржан е една од најуспешните пејачки на домашната сцена, а последниве години се покажа и како одлична водителка. Децении наназад ја гради својата кариера низ музиката и телевизијата, но многумина се прашуваат – што всушност завршила Гоца Тржан? Одговорот ќе ве изненади, бидејќи станува збор за животен интерес сосема различен од естрадата.

Гоца веќе со години успешно се наоѓа на врвот, како на музичката сцена, така и на телевизијата, каде што води емисијата „Ако проговорам“. Нејзината енергија и искреност ѝ донесоа нова популарност, но она што најмногу изненадува е нејзиното образование. Ако и вие се прашувате што има завршено Гоца Тржан, одговорот ќе ви биде сосема неочекуван.

– Малку се изморив од „психотерапевтирање“, бидејќи луѓето често ја преминуваат границата, ми поставуваат разни прашања, а и јас самата влегов во улога на лајфкоуч. Морам да се вратам кон забава. Сакам да се занимавам со животни теми. Меѓутоа, се чини дека голем број луѓе кои се занимаваат со „тематици“ на телевизија сакаат да бидат посериозни, а јас не си давам премногу на значење, ниту пак се доживувам себеси премногу сериозно – изјави Гоца за магазин Стори во врска со новата сезона на емисијата, поради која многумина почнаа да ја доживуваат во посериозно светло.

– Секој од нас кога ќе дојде на работа игра некоја улога, па така и јас на сцена или пред камери ја играм улогата на Гоца Тржан – пејачка. Но тука сум во улога на некој што сака да им помогне на луѓето да размислуваат за себе, да научат од една страна да не го сфаќаат животот премногу сериозно, а од друга – да не ја барат вината секогаш кај другите. Добро е да се има предвид дека најчесто ние самите сме причина за сето она што го преживуваме. За разлика од останатите на телевизија, јас ги споделувам сопствените искуства.

На некои тоа им пречи, но на огромен број луѓе им годи кога ќе видат дека сите ние имаме исти проблеми, дилеми, чувствуваме болка, збунетост, тага и страв. Во таа емисија не морам да бидам Гоца Тржан како јавна личност, туку она што можеби сум го учела или што отсекогаш ме интересирало. Тоа е дел од мене што ретко го прикажувам во медиумите – вели Гоца, која студирала на Земјоделскиот факултет.

– Сакав да бидам инженер за сточарство, што и не е толку чудно, бидејќи сакам применета наука која ти овозможува да живееш пристојно од својата работа. Порано или подоцна ќе имам свое домаќинство со козички, свое производство на сирење и храна – ни откри Гоца.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа силна порака до младите девојки

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа важна порака до младите девојки …