Home Мода и убавина Улиците од Њујоршката модна недела повикуваат: Играјте си со слоеви и бои оваа есен

Улиците од Њујоршката модна недела повикуваат: Играјте си со слоеви и бои оваа есен

Септември е месец кога модата добива нова енергија – преминот од топлите летни денови во свежите есенски вечери е идеален момент за креативни комбинации, а Њујорк, како и секогаш, го поставува темпото.

За време на Неделата на мода, улиците на Менхетн стануваат модна писта под отворено небо – модели, инфлуенсери и модни инсajдери го редефинираат стилот, комбинирајќи наизглед неспоиви парчиња и претворајќи обично движење низ градот во вистински спектакл.

Стрит стајлот нè потсетува дека модата е игра – можност да експериментираме со слоеви, текстури и контрасти. Оверсиз јакни со винтиџ фармерки, лесни летни фустани прекриени со тренч палта, или масивни патики што ја разбија формалноста на елегантен костум – сето тоа служи како инспирација да ја освежиме и сопствената гардероба.

Она што секогаш се гледа на NYFW е дека нема правила – сè е дозволено, се додека е автентично и го рефлектира личниот карактер. Вистинската уметност е во деталите: чанта што носи приказна, необичен слој што ги менува пропорциите или боја што го покренува расположението.

Дури и ако Менхетн е далеку, неговата енергија лесно може да се пренесе во секојдневните комбинации. Зашто модата не е резервирана само за пистата и едиторијалите – таа живее на улица, во мали експерименти, во храброста да се проба нешто ново што обичниот ден го претвора во незаборавен момент.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Мода и убавина
Comments are closed.

Check Also

Зошто фланелената карирана кошула повторно е моден хит?

Најстилизирани жени на денешницата повторно се враќаат кон овој скромен, но култен моден п…