Home Мода и убавина 5 маски со витамин Ц за брза ревитализација на кожата по одмор

5 маски со витамин Ц за брза ревитализација на кожата по одмор

5 маски со витамин Ц за инстантна ревитализација на кожата по одмор

По сончевите денови и уживањето покрај море, кожата често изгледа уморно и без сјај.

Тоа е јасен сигнал дека ѝ е потребна интензивна нега и регенерација. Најдобар сојузник во тоа може да биде маска за лице збогатена со витамин Ц.

Аскорбинската киселина делува речиси магично – ја осветлува кожата, ги намалува темните пеги и ја поттикнува продукцијата на колаген. Како моќен антиоксиданс, ја штити кожата од слободни радикали и надворешно загадување, помагајќи ѝ да ја задржи еластичноста и цврстината, додека го забавува процесот на стареење. Најважното – го забрзува обновувањето на клетките, ги ублажува неправилностите, фините линии и уморот на лицето, оставајќи свеж и сјаен тен.

За побрзи и поефикасни резултати од обични креми или серуми, маските со витамин Ц се како мини “спа третман” во домашни услови. Тие веднаш го освежуваат лицето, го враќаат природниот сјај и помагаат тенот да биде изедначен, со подолготраен ефект на рамномерна потемнетост.

Како да ги користите:

Идеално е да ги нанесувате 2 до 3 пати неделно, веднаш по враќањето од одмор.

Изутрина задолжително нанесете заштитен крем со СПФ – витаминот Ц е чувствителен и може да оксидира под влијание на УВ зраци, па кремата со заштитен фактор е неопходна за максимален ефект.

Резултатот? Кожа што изгледа свежо, светло и обновено – подготвена да заблеска во секојдневните предизвици, со задржан сјај од потемнетоста и здрав, младешки тон на лицето.

Во галеријата погледнете кои маски треба да станат дел од вашата редовна рутина за нега на кожа.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Мода и убавина
Comments are closed.

Check Also

Зошто фланелената карирана кошула повторно е моден хит?

Најстилизирани жени на денешницата повторно се враќаат кон овој скромен, но култен моден п…