За усни, за образи, или – зошто да не – за и двете?
Производите што имаат повеќекратна намена се омилени на сите, а lip & cheek stains, односно течните руменила, се токму такви – можат да се користат на усните, јаболчниците, па дури и на капаците, создавајќи моментален свеж, монохроматски и природно сјаен изглед.
Нивната тајна лежи во лесната, кремаста текстура, која овозможува повеќекратна апликација – интензитетот на бојата можете да си го „надоградувате“ според желба, од суптилен сјај до впечатлив, драматичен ефект. За совршен, освежувачки изглед, нанесете две-три капки на местата што сакате да ги истакнете и лесно уткајте со прстите. Ако сакате посилен ефект, слободно додајте уште неколку слоја и гледајте како бојата магично го оживува лицето.
Овие мултифункционални производи се неопходен дел од секоја несесер чанта – идеални за шминкање во движење, а резултатот е свеж, младешки и елегантен изглед што привлекува погледи.
Во галеријата можете да ги погледнете нашите омилени нијанси.