Некои љубови никогаш не избледуваат – а кожената јакна без сомнение е една од нив.
Од симбол на бунтовност во рокенрол филмовите, преку омилен моден избор на деведесетите „ит-девојки“, па сè до денешниот статус на неопходен моден елемент – овој моден класик не ја напушта сцената. Напротив, оваа есен се враќа посилна, посмела и со став. Без разлика дали сте љубителки на минимализам, остри детали или сакате малку винтиџ шмек, кожената јакна секогаш наоѓа начин да стане дел од вашиот стил.
Од оние едноставни модели, без ниту еден вишок детаљ, преку оние со впечатливи копчиња и совршено скроени линии, па сè до бордо нијанси кои врескаат „есента е тука“ – изборот е огромен и ќе ви ја освежи секоја комбинација. Тука се и old-school парчињата кои изгледаат како да сте ги „позајмиле“ од плакарот на баба ви, но во најдобро можно светло. Модните познавачки веќе знаат кои модели да ги зграпчат, а ние ви ја носиме листата на трендови кои ќе доминираат од септември, па понатаму.