Летото полека го спушта своето завеса, а есента веќе тропа на врата – што значи само едно: време е за освежување на гардеробата!
Ако летово си ги носеше микрошорцевите до изнемоштеност, сега е вистински момент да го освежиш својот стил со мини фустани кои ќе ти бидат главен адут за ноќни излегувања и after work коктели.
Мини фустанот е вистински моден џокер – не треба многу да размислуваш што да комбинираш со него, не губиш време на составување на стајлингот, а ефектот е повеќе од импресивен. Доволно е сензуален за да привлече погледи, а сепак практичен за да се чувствуваш како најдобрата верзија од себе.
Затоа ние ја завршивме работата за тебе – ја прегледавме Zara онлајн продавницата и најдовме 6 мини фустани кои поракуваат „есента може да започне“. Од класични црни модели кои се секогаш во мода, до фустани со неочекувани кроеви и бои кои ќе го направат твоето излегување незаборавно, ова се парчињата на кои тешко ќе им одолееш.
Фото: Зара
Број на слики: 6