Home Рецепти Паста ала Норма – автентична сицилијанска магија во твојата кујна

Паста ала Норма – автентична сицилијанска магија во твојата кујна

Паста ала Норма: Автентична сицилијанска магија во твојата кујна

Ако бараш рецепт што е едноставен, а сепак изгледа впечатливо и богато на вкус, тогаш «Паста ала Норма» е вистинското решение.

Ова познато сицилијанско јадење од тестенини со печен или пржен модар домат, мирисен босилек и солена, кремаста рикота е доказ дека не ти требаат илјада состојки за да направиш вистински италијански спектакл во чинија.

Легендата вели дека потекнува од Катанија – некои тврдат дека името го добила по операта „Норма“ од Винченцо Белини, а други велат дека е едноставно „а норма“ – совршено по сите правила на кујната.

Состојки за 4 лица:

  • 1 кг домати
  • 400 г модар домат
  • 350 г шпагети или макарони
  • 150 г солена рикота, изрендана
  • ½ главица кромид
  • Неколку ливчиња свеж босилек
  • Маслиново масло
  • Сончогледово масло за пржење
  • Сол

Како да направиш магија:

1. Ситно исечкај го кромидот и пржете го на тава со 3 лажици маслиново масло.

2. Доматите исечи ги на покрупни парчиња и додај ги кај кромидот заедно со ливчињата босилек. Остави да крчка околу 25 минути. Извади го босилекот пред крајот на варењето. Измешај го сосот само делумно со блендер – треба да остане крупен и полн вкус.

3. Испери го модриот домат и исечи го на кругови дебели 3–4 мм. Пржи ги на врело масло 1–2 минути додека не добијат златна, крцкава кора.

4. Свари ја пастата според упатството и измешај ја со доматниот сос и малку маслиново масло.

5. Служи ја пастата во чинија, додади пржен модар домат, свеж босилек и изобилно посипи ја со рендана рикота.

Совет за вистински готвачи: Ако сакаш да го кренеш јадењето на ново ниво, додади рендана кора од половина лимон и полека печени чери домати (печење на 100°C околу 50 минути со кората од лимон).

И тука ја имаш – Паста ала Норма, што мириса на Сицилија и изгледа како да си ја нарачал во мало, локално, автентично италијанско ресторанче. На здравје!

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Рецепти
Comments are closed.

Check Also

Лесно и вкусно: Млади компирчиња со кромид

Доколку сакате млади компирчиња, денес ви предлагаме рецепт кој е многу вкусен и многу брз…