Home Мода и убавина Зголемете го волуменот на усните на природен начин

Зголемете го волуменот на усните на природен начин

Полни усни отсекогаш биле во мода, а сè повеќе жени денес се одлучуваат за естетска интервенција на усните, додека други бараат безболни и поевтини решенија.

Токму затоа ви нудиме природен, и што е најважно – безболен рецепт, кој ќе ги направи вашите усни пополни и поатрактивни. Подготовката се состои од витамин Е, кој ги регенерира усните правејќи ги здрави и меки, и масло од цимет, кое го поттикнува протокот на крв во усните, давајќи им поголем волумен. Комбинацијата од овие два состојки е идеална за нашата цел.

Потребни состојки за подготовка на овој препарат се:

  • рамна кафена лажичка масло од цимет (ако немате масло, можете да користите цимет во прав, но тогаш ставете половина лажичка);
  • три рамни кафени лажички течен витамин Е;
  • мала сад за мешање;
  • шишенце за чување на мешавината.

Измешајте една кафена лажичка масло од цимет со три кафени лажички витамин Е во садот што сте го подготвиле. Потоа, ставете го садот над тенџере со зовриена вода, за смесата да се загрее на пареа. Откако ќе се загрее, сипете ја во шишенце за чување, промешајте, и оставете да се олади.

Нанесувајте ја смесата на усните на секои два часа, нанесувајќи неколку капки и втријте со прстите. Ќе забележите дека усните визуелно добиваат поголем волумен, но ефектот не е траен и трае само додека дејствува препаратот.

Поради циметот, можно е да почувствувате пецкање или трнење веднаш по нанесувањето. Тоа е нормална реакција и не треба да ве загрижува – токму тоа значи дека препаратот делува.

Меѓутоа, ако забележите дека усните ви пукаат или се лупат, веднаш престанете со употреба. Таквата реакција може да биде знак за алергиска реакција на масло од цимет. Исплакнете ги усните со вода и нанесете балзам или било кој хидратантен крем.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Мода и убавина
Comments are closed.

Check Also

Зошто фланелената карирана кошула повторно е моден хит?

Најстилизирани жени на денешницата повторно се враќаат кон овој скромен, но култен моден п…