Звучи необично, ама планираниот секс може да биде вистинско лудило – ако знаеш неколку трикови
Ако на крајот од денот си без трошка енергија од сите обврски, работа, грижа за другите… и сексот ти е последна на листа – опушти се, не си сама. Решението? Правило на Пепелашка – директно од подкастот „Just Between Us“.
Што е ова?
Многу едноставно – договори со партнерот до кое време важи вашиот „еротски прозорец“. На пример, од 21:30 до 22:30 часот. Без притисок, без броење минути – само однапред договорена искра. Во текот на денот разиграј ја атмосферата: флерт порака, бакнеж во кујна или еден поглед што вели „можеби вечерва“. Спонтаноста и понатаму постои – само на твој начин!
Како да биде уште подобро:
1–2 пати неделно само за вас – не мора секогаш да биде секс; може да биде момент за гушкање, игра, гледање филм… нешто што ќе ве потсети дека сте повеќе од цимери.
Интимност пред вечерта – ако после 22 часот си„на батерии“, планирај романтичен момент порано во денот: туш за двајца, игриво галење или брза, но ефективна „средна предигра“.
Секстање и мали фантазии – испрати жешка порака, интересна фотка или кратко видео. Сексулната енергија се гради низ денот – не паѓа од небо!
Без кросфит во спална – избери лесни пози: spooning, „tangle“ или странично 69 – за уживање без исцрпување. Фокусот е на блискоста, а не на изведбата.
Поентата?
Планираниот секс не ја убива спонтаноста – туку ја носи на СОВСЕМ ново ниво. И да, твојот сексуален живот може да биде исто толку жежок, колку и спонтан!