Кога италијанската модна куќа Пуќи ќе реши да ги пренесе своите прочуени апстрактни, хипнотизирачки шари од фустаните и марамите на ноктите – добиваме тренд што едноставно не може да се игнорира.
Pucci ноктите се вистинска експлозија на бои, форми и позитивна енергија, и сезонава тие се апсолутен хит кај секоја девојка која сака нејзиниот маникир да биде мало дело на уметност.
Совршени за летен одмор покрај море, журка покрај базен или едноставно како доза на среќа во средина на работната недела – овие ексцентрични дизајни гарантираат комплименти каде и да се појавите.
Ги издвоивме топ 5 идеи за Pucci nail art кои задолжително треба да ги испробате.