Поранешната учесничка во „Teen Mom 2“, Џенел Еванс, низ солзи одговори на обвинувањата на социјалните мрежи дека глуми попреченост.
„Велите дека глумам попреченост и дека не ги сакам луѓето со попреченост, а јас користам инвалидска количка уште од април? Јас сè уште имам попреченост“, рече Еванс во видео објавено на Инстаграм во вторникот, 24 ноември, снимено додека лежеше во кревет.
Еванс ѝ порача на управата на плантажата дека објавувањето на веста за откажувањето „остава впечаток дека вашата организација ги поддржува тие тврдења“. Таа додаде: „Ги почитувам ветераните, а како некој што користи инвалидска количка, прашањето за пристапноста ме засега лично“.
Подоцна, на Инстаграм стори го сподели одговорот што го добила во приватна порака од профилот на плантажата. Во него се наведува дека „целокупниот концепт“ на планираното снимање во живо со Еванс „не бил во согласност“ со мисијата на организацијата. „Нашата одлука се темелеше исклучиво на концептот на емисијата, независно од вашето учество или од какви било ваши јавни коментари“, стоеше во одговорот.
Здравствените проблеми на Еванс следуваа по повредата во април, поради која мораше да го оперира левото колено. Во септември таа објасни на социјалните мрежи дека немало никакво подобрување ниту на состојбата на коленото ниту на подвижноста на ногата.
„Подоцна ми беше дијагностициран CRPS, односно комплексен регионален болен синдром“, им кажа на следбениците во видео на Инстаграм објавено на 7 септември. „Докторот што ме оперираше ја потврди дијагнозата и ме упати во клиника за третман на болка. Отидов таму пред околу две недели и лекарот се обиде да ми помогне со стероидна инјекција во долниот дел од грбот. Тоа не беше најдобрата идеја, бидејќи оттогаш имам неподносливи болки, поради кои завршив во болница“.
Тогаш додаде: „Буквално чувствувам болка од основата на черепот до опашната коска, и тоа секој ден, покрај болката во ногата“.
Извор: US Weekly