Некогаш важевa како модна грешка од раните 2000-ти, но сега повторно е тука – бунтовна, блескава и подготвена да ја подели модната сцена на два табора.
Да, прстените за ножни прсти, или како што сè почесто ги нарекуваат – toe rings, официјално доживуваат камбек во летото 2025. Сѐ започна пред речиси две години, кога Ријана објави видео на кое носи дијамантски прстен околу прстот на ногата – и буквално го запали интернетот. Од тој момент, идејата за накит на стапалото тивко почна да се враќа на модниот радар – а сега е и официјално „голема работа“.
Но, како и секој добар тренд, и овој има свои обожаватели и хејтери. Од едната страна се љубителите на минимализмот кои избираат ултра-тенки, речиси незабележливи прстенчиња – како дискретна, секси тајна што ја открива само оној што внимателно гледа. Од другата страна се храбрите што сакаат statement парчиња: впечатливи, украсени прстени што сјаат на сонце и предизвикуваат „вау“ ефект… или пак коментар дека е малку премногу.
За да ја разгорат атмосферата уште повеќе, дизајнерите на сандали веќе почнаа да создаваат модели што во себе вклучуваат toe ring елемент – понекогаш елегантно и дискретно, а понекогаш дрско и драматично.
Си ви се допаѓало или не, едно е сигурно – toe ring e се врати и летото 2025 се претвора во сезона кога и нашите чекори стануваат модна изјава.