Home Вебкафе Како да издржиш на работа до одморот — водич за сите што со мислите се веќе на плажа!

Како да издржиш на работа до одморот — водич за сите што со мислите се веќе на плажа!

Одбројувањето до одмор е официјално започнато

Телото сè уште ви е заглавено во канцеларија, но духот? Веќе се сончате на топол песок, слушате бранови и пиете коктел со чадорче. До тогаш, еве еден мал водич за тоа како да останете прибрани — или барем успешно да се претставувате дека сте такви.

1. Кафето — вашата единствена религија овие денови

Заборавете на продуктивност и ентузијазам. Во овој период, единственото што ве држи будни е кафето. Утринското фрапе е како еликсир на животот, а попладневната доза е она што ве спречува да не заспиете врз тастатурата. Во глава ви се врти мантрата: Уште малку… уште малку… и еве ме на лежалка.

2. Календарот — и непријател и сојузник во исто време

Секој ден истата слика: зјапате во календарот, ги броите деновите до одмор, превртувате со очите и правите ментални комбинации од типот „Ако се разболам следната среда… дали можам порано да тргнам на море?“. А кога некој ќе ве праша: „Колку уште до одморот?“, одговорот е јасен — илјадници саати, 57 кафета и барем илјада нервози.

3. Летни муабети — неизбежна доза дневно мечтаење

Нема пауза за кафе без детална анализа кој, каде и кога оди на море. Веќе напамет ги знаете патните планови на колегите, знаете кој се надева на last minute понуди, а кој само сонува за Малдиви додека реалноста го потсеќа дека ќе остане во Аеродром на +40 степени.

4. Ден „Д“ — последниот работен ден пред годишен

Тоа е денот кога се обидувате да изгледате сериозно, а веќе во глава си спакувате куфер. Гледате во часовникот на секои три секунди, превртувате со очите на секој нов мејл и го сожалувате колегата кој сè уште не сватил дека ментално сте „на пауза до понатаму“.

5. Глумите вработен — за Оскар!

Ако ви звучи тастатурата познато, тоа е затоа што само кликате без врска — за да оставите впечаток дека нешто правите. Камерата е вклучена на состанокот, погледот сериозен, а во мислите биркате помеѓу Санторини и Миконос. Честитаме, положивте актерија!

6. Google ви е туристички агент

Секоја слободна секунда ја користите за пребарување: „Најубави плажи во Грција“, „Како да не изгорам на сонце“, „Дали ми треба уште еден костим за капење?“. Ако некој случајно фрли поглед на екранот — само кажете: „Истражување за еден проект“, и готово.

7. Ручекот во фирма = колективно жалење

Секоја пауза за ручек се претвора во сесија: сите ги бројат деновите до одмор, се жалат на горештините и ментално си ги редат алиштата во куфер. А реалноста? Пилешка салата и 33 степени под сенка.

Последните денови пред одмор се вистински психолошки предизвик. Но со шолја кафе, солидна количина мечтаење и малку глума — ќе издржите сè до тој момент кога конечно ќе го фрлите лаптопот, ќе ги обуете јапанките и ќе заборавите на сите мејлови.

Уште само неколку… илјади саати. Држете се!

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

7 знаци дека станувате посреќни со годините (иако животот сè уште знае да биде хаотичен)

7 Знаци дека станувате посреќни со годините (и покрај хаосот којшто животот сè уште знае д…