Home Живот и здравје Кога мажите посакуваат бебе, а кога жените?

Кога мажите посакуваат бебе, а кога жените?

Британско истражување, во кое учествувале 1.732 испитаници на возраст од 18 до 39 години, покажало дека мажите посакуваат дете пред своите партнерки.

Спротивно на општото верување, мажите генерално посакуваат да станат татковци порано отколку што жените сакаат да станат мајки.

Според резултатите од истражувањето, мажите првпат посакуваат дете на возраст од 29 години, додека жените сметаат дека идеалното време за прва бременост е на 32 години.

Анкетата, спроведена од сајтот ВаучерКлауд, открива дека мажите сакаат да имаат деца најдоцна до 35 години, бидејќи по таа возраст чувствуваат дека се “престари” за родителство.

Жените, пак, размислуваат за мајчинството и до 41 година.

И мажите и жените, сепак, се согласуваат дека идеален број на деца е – две.

Претставник на ВаучерКлауд нагласува дека „улогата на татко сè повеќе ги привлекува мажите, особено ако се земат предвид примерите на Дејвид Бекам и Бред Пит, кои одлично се снаоѓаат во татковството. Не треба да нè чуди што мажите сè повеќе уживаат во улогата на татко и со леснотија се справуваат со предизвиците што таа ги носи.“

„Постојат огромни разлики на професионален план во споредба со претходните години. На жените денес им е важно да изградат кариера, особено ако се има предвид дека воспитувањето дете е значително финансиско оптоварување. Тоа објаснува зошто често го одложуваат мајчинството“, заклучува тој.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Живот и здравје
Comments are closed.

Check Also

Што се случува со крвниот притисок ако секој ден пиете сок од портокал?

Што се случува со притисокот ако секој ден пиете сок од портокал? Крвниот притисок зависи …