Home Вебкафе Ким Кардашијан, Глен Клоус и Наоми Вотс прават спектакл на суд – Рајан Марфи ја носи серијата што ќе ви го освои срцето

Ким Кардашијан, Глен Клоус и Наоми Вотс прават спектакл на суд – Рајан Марфи ја носи серијата што ќе ви го освои срцето

Рајан Марфи се враќа со полна пареа со нови правни драмолетки, а првите сцени од тизерот ветуваат спектакл што нема да помине незабележано.

Новата серија „All’s Fair“ доаѓа на Хулу и веднаш ве фрла во вртлогот на најлудите разводи што сте ги виделе. Оваа екипа жени-адвокати не е тука за шега – тие решаваат судски битки меѓу најбогатите, и тоа со стил што фрла сенка врз сите досегашни серии.

Главните ѕвезди? Тука се Ким Кардашијан (да, баш таа – сега и идна адвокатка), Глен Клоуз, Наоми Вотс, Нејси Бетс, Тејана Тејлор и Сара Полсон. А како шлаг на торта, Дџудит Лајт во тизерот фрла незаборавна реплика: „Најдобриот пријател на жената? Не се дијаманти, туку адвокати!“ – точно она што сите го мислиме!

Ким Кардашијан влета во улогата на адвокатка со став – брза, остра и без влакна на јазикот. А не само што глуми, туку e и копродуцентка на серијата, заедно со Рајан Марфи и – се разбира – Крис Џенер. Поради бизнисот во семејството, ова ветува максимален успех!

Серијата не е само за судски процеси, туку и за женска моќ, опасни интриги и емоционални превирања што ќе ве држат залепени за екранот. Во свет каде што парите зборуваат, а љубовта е борбено поле, овие дами не само што ја играат играта – тие ја менуваат целосно.

Покрај главната екипа, дел од актерската постава се и Метју Ноцка, Елизабет Беркли, Брук Шилдс, Лорин Тусен и Грејс Гамeр, ќерка на Мерил Стрип, за дополнителна доза гламур.

Ако сте фан на серии што комбинираат судници, женски драми и малку валкани игри, „All’s Fair“ ќе ви стане нова опсесија. Премиерата е наскоро на Хулу – подгответе пуканки и уживајте во гледањето!

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Маса за една личност: Зошто вистинското уживање е да јадеш сама во ресторан?

Од општествена осуда до вистинско уживање во времето на самотија Сѐ почесто, психолозите и…