Home Живот и здравје Често заборавате? Дали навистина има потреба од витамини за подобра меморија?

Често заборавате? Дали навистина има потреба од витамини за подобра меморија?

ДАЛИ ЧЕСТО ЗАБОРАВАТЕ? ИМА ЛИ СМИСЛА ДА СЕ ЗЕМААТ ВИТАМИНИ ЗА ПАМЕТЕЊЕ?

Ако не се сеќавате што сте јаделе вчера или што сте сакале да напишете во пораката до колега, продолжете со читање!

Сите понекогаш забораваме. Во моменти на стрес и оптовареност со обврски, склони сме уште повеќе да забораваме. Дури и хормонските промени, како на пример во пременопаузата, можат да доведат до т.н. „мозочна магла“ – чувство на нелагодност во концентрацијата и отежнато паметење на тоа што сме сакале да направиме пред само една минута. Дали треба само да го прифатиме тоа или постои нешто што може да го подобри нашето помнење?

Иако често слушаме за витамини кои наводно ја подобруваат функцијата на мозокот, научните докази сè уште се нецелосни. Сепак, постојат испитувања што нудат одредени сознанија – а истовремено, овие витамини се од суштинско значење за здравото функционирање на телото.

УЛОГАТА НА ВИТАМИНОТ Б12

Врската помеѓу ниското ниво на овој витамин и проблемите со памтењето научниците ја истражуваат со години. Доволното количество Б12 придонесува за здрави нервни клетки, а додатоците со Б12 може да помогнат за подобро паметење. Некои студии дури покажуваат дека недостигот на Б12 може да биде поврзан со зголемен ризик од деменција. Се истражува и можноста овој витамин да има улога во третманот на Алцхајмерова болест, но досегашните податоци се нецелосни.

Недостаток на витамин Б12 е чест кај луѓето со проблеми со желудникот или цревата, како и кај вегани. Со возраста, ризикот од негов недостиг расте. Откриено е и дека метформин – лек за дијабетес – го намалува нивото на Б12. Истото важи и за некои антиинфламаторни лекови, како што е преднизон, како и за контрацептиви.

УЛОГАТА НА ВИТАМИНОТ Е

Овој витамин е исто така предмет на бројни студии поради неговото потенцијално позитивно влијание врз памтењето и мозочната функција, особено кај постарите лица. Истражување од 2014 година открило дека покачените нивоа на витамин Е можат да помогнат кај лица со блага до умерена фаза на Алцхајмерова болест.

Без оглед на возраста или здравствената состојба, важно е да внесуваме доволни количини витамин Е преку исхраната или додатоци, доколку нашиот лекар го препорача тоа. Недостаток на овој витамин е редок, но можен кај лица кои следат диета со ниски масти.

ДРУГИ ДОДАТОЦИ ЗА ПАМЕТЕЊЕ ШТО МОЖЕ ДА ПОМОГНАТ

Две состојки што често се дел од суплементи за подобрување на функцијата на мозокот се ДХА и ЕПА – омега-3 масни киселини. Истражувања укажуваат дека и поединечно и во комбинација, овие масни киселини можат да придонесат за подобрување на меморијата.

МЕДИТЕРАНСКА ИСХРАНА И ПАМЕТЕЊЕ

Едно истражување укажува дека медитеранската диета има позитивно влијание врз памтењето. Главните начела на оваа диета се преовладувачка употреба на растителни производи, мешунки и риба, со ограничување или целосен отказ од црвено месо. Секако, маслиновото масло – особено ладно цедено – игра клучна улога во оваа диета.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Кози-максинг: Може ли еден тренд навистина да ти помогне да го совладаш стресот? Изгледа дека може!

Ако во TikTok пребараш „cozymaxxing“, ќе те пречекаат видеа од луѓе замотани во меко ќебе,…