Home Вебкафе Селена Гомез со порака на мир до Хејли Бибер: „Вредиш многу повеќе отколку што мислиш“ – драмата ставена на пауза, девојките обединети!

Селена Гомез со порака на мир до Хејли Бибер: „Вредиш многу повеќе отколку што мислиш“ – драмата ставена на пауза, девојките обединети!

Во светот на славните, каде што секој збор станува наслов, а секој лајк покренува бран коментари, Селена Гомез направи нешто… сосема неочекувано – подаде рака за помирување на Хејли Бибер, и тоа токму во моменти кога интернетот врие од шпекулации за непријатен коментар кој Џастин го упати на сметка на сопругата. Упс!

Па, што точно се случи?

Хејли Бибер моментално ги живее своите козметички соништа – во буквална смисла. Не само што стана мајка на малиот Џек, туку и се најде на насловната страна на едно од најголемите американски модни списанија. Во големо интервју откри дека нејзиниот бренд Rhode наскоро ќе се најде и во продавници – оваа есен! Самата Хејли изјавува дека сево ова е „повеќе отколку што некогаш можела да замисли“. И веруваме – изгледа прекрасно, зрачи со самодоверба и целосно блеска.

Но, потоа доаѓа – Џастин. Во првата верзија на својот Инстаграм пост (која подоцна ја измени, нормално), Џастин сподели дека за време на расправија ѝ рекол дека никогаш нема да се најде на насловната страна на тоа списание. (Штоооо?!) Подоцна се извини, рече дека „ужасно погрешил“ и се обиде да ја поправи ситуацијата. Но штетата веќе беше направена – интернетот не му прости.

И тогаш стапува на сцена – кралицата на смиреноста – Селена Гомез. Наместо да долева масло во оганот или да се држи настрана, таа избра нежен, достоинствен, но и исклучително кул пристап: ја лајкуваше објавата на Хејли за соработката со Rhode. Да, само еден клик – но кога доаѓа од Селена, тоа значи многу.

Потоа објави стори на Инстаграм со инспиративен цитат од писателката Аби Вигинс: „Вредиш многу повеќе отколку што мислиш. Твоето срце, твојот глас – се важни.“ На тоа додаде порака со поддршка: „Знаеш кој си – и со тебе сум.“ Пораката стигна буквално неколку минути по објавата на Џастин. Намерно? Никој не знае. Но ефектот? Моќен.

Инаку, Селена и Хејли веќе со години не се поврзуваат само преку медиумите, туку и преку заедничкото минато – да, токму тоа, со Џастин. Додека фановите обожаваат да ги спротивставуваат, овие две дами многу пати покажале дека немаат време за сапунски драми. Уште во 2023 година, Селена јавно ја бранеше Хејли кога TikTok-корисниците повторно ги вадеа старите приказни на површина. Тогаш дури и ја заследи на Инстаграм и објави апел – луѓето да престанат со ширење омраза и закани: „Никој не заслужува говор на омраза. Јас отсекогаш сум се залагала за добрина.“

Хејли тогаш јавно ѝ се заблагодари на Селена за поддршката и призна дека ѝ е преку глава од вечниот конфликт кој – всушност – не постои. Рече дека сака да ги обединува луѓето, а не да ги дели во „тимови“ како на натпревар. И апсолутно е во право.

„Идејата дека две жени мора да бидат ривалки поради еден маж? Страшно. Одвратно. И бескрајно фрустрирачки.“, изјави Хејли. „Зошто мораме и понатаму да докажуваме дека нема проблем меѓу нас? Само затоа што сме сакале ист маж во различно време? Хало, 2025 година е!“

Во новото интервју, Хејли дополнително ги разби гласините за брачна криза со Џастин: „Секое утро се будам опкружена со љубов – со синот, мажот, пријателите. Луѓе кои ме познаваат, ме сакаат и кои јас ги сакам до бескрај.“

Заклучок? Драмата можеби отсекогаш ќе демне близу, но овие дами избираат – елеганција. Избираат поддршка. Избираат да покажат дека и меѓу познатите жени има место за нежност и солидарност.

И знаете што? Тоа е навистина освежувачки. Браво, девојки!

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Маса за една личност: Зошто вистинското уживање е да јадеш сама во ресторан?

Од општествена осуда до вистинско уживање во времето на самотија Сѐ почесто, психолозите и…