
Го знаете ли она чувство во првите месеци од врската кога сè е возбудливо, секој разговор ви носи насмевка, а сите планови изгледаат како сцена од филм?
Тоа се оние магични први два месеци. Но кога ќе се слегне ентузијазмот и ќе дојде реалноста – нештата почнуваат да се менуваат. Ако веќе подолго време чувствуваш дека нешто не е како што било, можеби овие знаци ќе ти ги отворат очите.
Еве неколку јасни сигнали дека твојот „лајф партнер“ можеби станал само партнер за Нетфликс:
1. Почнуваш да замислуваш дека излегуваш со некој друг
Океј, нормално е да забележиш убави луѓе околу себе, но ако веќе си почнала да се замислуваш како би било да си со некој друг – тоа е знак. За тебе, таа врска веројатно е веќе завршена. Време е за искрен разговор.
2. Го губиш ентузијазмот
Не е само до стресот од работа. Ако не можеш да се сетиш кога последен пат си била возбудена што ќе се видите, но се трудиш работите да изгледаат „нормално“ – тоа е аларм. Врската е на автопилот.
3. Тој повеќе не ти е приоритет
Ги забораваш неговите пораки, правиш планови без него, или едноставно не помниш кога последен пат сте уживале заедно? Очигледно нешто не е во ред и срцето ти го знае тоа.
4. Сексуална “зима”
Секоја врска има свои периоди, но ако станало навика „не вечерва“ – можеби не е само до сексот. Веројатно нешто подлабоко не функционира.
5. Го избегнуваш физичкиот контакт
Ако не ти доаѓа да се гушкаш, да се држите за раце или дури ни да седиш покрај него – тоа е знак дека романтиката исчезнала. Време е за пресврт.
6. Почнуваш да зборуваш со други, наместо со него
Работи што порано прва му ги кажуваше нему, сега ги делиш со пријателките? Тоа значи дека емоционално веќе си се повлекла од врската.
7. Неговите ситни навики почнуваат да те иритираат
Сето она што ти било симпатично, сега ти оди на нерви? Тоа е сигнал дека твоите чувства драстично се менуваат.
8. Чувствуваш дека нешто недостига
Имаш чувство дека нешто фали, дека срцето ти е празно? Ако тој веќе не ти носи радост и енергија како порано – тогаш веројатно и не ти значи исто.
9. Не би ти недостасувал ако не го видиш
Помислата дека нема еден ден да го видиш – не ти представува ништо? Тогаш веќе си прешла на „братска“ фаза на врската. Веќе нема ни тага, ни среќа… само рамнодушност.
10. Не можеш да си ја замислиш иднината со него
Ако не можеш да го видиш како дел од твојата иднина – тогаш најверојатно веќе не си заљубена. И тоа е во ред. Подобро е да бидеш искрена со себе.
Ова се само неколку од знаците кои може да укажуваат дека нешто не е во ред. Ако се пронајде во нив, време е за искрен разговор со партнерот. Само така ќе дознаете дали вреди да се борите за врската или дали е време да тргнете секој по свој пат.