
Последниот месец од пролетта носи оптимизам, светлина и слобода на изразување преку модата – со романтични и безгрижни тонови.
Мај, месецот кога природата цвета во полн сјај, носи со себе и нова енергетска стилска преродба. Ова е време кога деновите стануваат подолги, сончевите зраци поблаги, а инспирацијата за експериментирање со мода – сè посилна. Последниот пролетен месец нè затекнува освежени, оптимистични и подготвени да го изразиме личниот стил преку лесни текстури, слоевити комбинации и софистицирани контрасти.
Тексасот се враќа на голема врата – модерни џинс комбинезони го освојуваат уличниот стил, во комбинација со мрежести балетанки што внесуваат доза футуристичка женственост. Мотивите доминираат, а панталоните со црвени линии носат разиграност и дрзок дух. Во меѓувреме, класичната бела чипка бродери англез внесува романтичен тон во модното секојдневие, разбудувајќи асоцијации на летни прошетки по медитеранските острови.
Лесни кардигани, комбинирани со фармерки и ретро патики во боја, додаваат носталгичен шарм, додека памучните маици остануваат вечна основа – разновидни, свежи и подготвени за сите креативни стилизации. Мај е месец во кој модата станува игра на светлина, слоеви и личен израз.
Во галеријата погледнете неколку инспиративни примери.