
Доколку сте во потрага по маникир што освежува, инспирира и носи медитерански шмек на врвовите од прстите – имаме совршен тренд за вас!
„Лемон неилс“, трендот што го освои светот на убавината, доаѓа директно од сончевите градини на Сицилија и внесува ведрина и цитрусна свежина во секојдневниот стајлинг.
Додека есента и зимата беа резервирани за длабоки нијанси на бордо и кафе латте тонови, пролетта и летото 2025 носат враќање на пастелните бои и разиграните nail art дизајни. Меѓу нив се издвојува еден – маникирот инспириран од лимоните, овие прекрасни ароматични плодови кои ја симболизираат сончевоста, животот и стилот на јужна Италија.
Овој свеж, женствен и забавен тренд носи доза носталгија и луксуз: ситни лимони, нивни цветови и зелени лисја прецизно се нацртани врз нежен пастелен фон – нијанси како путер жолта, млечно бела или крем беж. Резултат? Нокти што потсетуваат на керамичките детали од Амалфи, на летен пикник или на раскошен фустан од модната куќа Долче и Габана.
Погледнете ги топ 5 идеи во галеријата со фотографии.