Home Рецепти Смути во розова боја

Смути во розова боја

СМУТИ ВО РОЗЕВА БОЈА

Кои со нетрпение ги очекуваат првите јагоди во годината – кренете рака!

О, да, десертите со јагоди се едноставно неодоливи. Со нив може да се подготват разни видови колачи, торти, шејкови, овошни чаши, а секако и вашиот омилен смути. Кога наутро ви е потребна вистинска енергетска бомба за да ве разбуди и подготви за нов ден, нема подобар избор од смути во розева боја. Денес ви откриваме рецепт кој може лесно да се прилагоди според состојките што ги имате при рака.

ПОТРЕБНО:

1 чаша замрзнати јагоди

½ чаша замрзнати малини

1 банана

1 и пол чаша млеко (по избор – кравјо или овесно)

½ чаша обичен или ванила јогурт

2 лажици сируп од агава или мед

ПРИГОТВУВАЊЕ:

Јагодите и малините добро измијте ги, па ставете ги во кесичка и замрзнете ги преку ноќ. Следниот ден ставете сè заедно во блендер. Миксирајте неколку секунди, па потоа додавајте ги состојките една по една. По желба, додајте повеќе или помалку млеко во зависност од конзистентноста што сакате да ја добиете. Кога ќе се добие изедначена смеса, истурете ја во високи чаши и послужете веднаш. Ако сакате, украсете одозгора со свежи јагоди и малини.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Пилешко со крем супа од печурки

Ако досега никогаш не сте пробале, вистинско е време пилешкото месо во сос да се најде и н…