Home Мода и убавина 50 нијанси на мов: новата nude боја во светот на маникирот

50 нијанси на мов: новата nude боја во светот на маникирот

Пронајдовме одлични дизајни кои ќе ве инспирираат да ја испробате.

Бордо, црна, црвена или нуд – нијанси кои повеќето од нас ги избираат во зима се повеќе или помалку исти. Одговараат на секоја комбинација, ѝ ласкаат на кожата и ќе продолжиме да ги носиме затоа што се елегантни и класични. Но, ако сакате да пробате нешто поинакво, што ќе биде дискретно, а во исто време впечатливо, не барајте понатаму – имаме совршен предлог за вас.

Виолетовата боја, во сите нијанси – од најсветлите до најтемните, е тренд оваа сезона и изгледа дека го замени омилениот нуд маникир. Доволно е само една прошетка низ Instagram или Pinterest за да се уверите – виолетовата е насекаде, во најразлични варијанти.

Во зависност од бојата на лакот што ќе ја изберете, можете да создадете минималистички или екстравагантен маникир, а исто така можете да се „поиграте“ со комбинирање различни нијанси за уште покреативен изглед на вашите нокти.

Во галеријата погледнете предлози кои ќе ве инспирираат!

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Моден земјотрес во Баленсијага

Пјерпaоло Пичоли ја презема креативната палка во култната модна куќа – и најавува нова ера…