Home Живот и здравје 4 одлични вежби за луѓе кои долго седат пред компјутер

4 одлични вежби за луѓе кои долго седат пред компјутер

Ако имате типична канцелариска работа која бара долго да седите пред компјутер, или работите од дома, а сепак седите пред монитор, тогаш сте дошле на вистинското место.

Поради долго седење и мало движење може да се појават разни болки и потешкотии, особено штетни за ‘рбетот. Најчестите ефекти од долгото седење се слаби и вкочанети мускули, скратени тетиви и лигаменти, што на крајот предизвикува лошо држење на телото и болки во грбот и вратот. Најдобро решение се вежбите.

Птица – Куче

Станете во позиција, потпирајќи се на рацете и колената, со исправен грб. Подигнете ја едната рака и спротивната нога истовремено, држејќи го грбот исправен, а потоа вратете се на почетната позиција. Направете 4 серии од 15 повторувања.

Подигнете ги колковите


Легнете на подот и раширете ги нозете така што колената ќе ви бидат на ширина на рамената. Подигнете ги колковите, држејќи го остатокот од телото на подот, а потоа вратете се во првобитната положба. Направете 4 серии од 15 повторувања.

Истегнете се назад

Легнете на стомак. Подигнете го горниот и долниот дел од телото и држете го накратко во таа положба. Вратете се во првобитната положба. Направете 4 серии од 10 до 15 повторувања.

Кревање тегови

Веројатно повеќето од вас немаат тегови дома, но секоја тежина е добредојдена во оваа вежба. Може да користите и шишиња вода од 2 литри. Седнете на подот и потпрете ги градите на колена. Подигнете ги рацете, а потоа само полека вратете ги назад. Направете 4 серии од 12-15 повторувања.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Работи за кои не сте ни свесни сè додека не добиете бебе

Работи за кои не си свесен додека не добиеш бебе Без оглед на сите подготовки, секогаш пос…