Home Живот и здравје Фитнес тренер советува: до поголем и обликуван задник со само неколку вежби

Фитнес тренер советува: до поголем и обликуван задник со само неколку вежби

Доколку сакате да го зголемите, а со тоа и да го подобрите изгледот на задникот, доволни се само неколку вежби…

Денес се повеќе девојки се фокусираат на градење на мускулите на задникот и нивно обликување. Дали се работи за тренд што го донесоа сестрите Кардашијан или нешто друго е во прашање – не знаеме, но важно е со голема упорност и секојдневна работа да стигнеме до нашата цел и до совршениот задник.

Дикша Гаутам е професионален фитнес тренер и чест натпреварувач на настани за бодибилдинг во бикини. Таа е многу успешна во својата работа, а денес ни открива како успеала од слаба жена со рамен задник да дојде до формата што ја има денес.

„Растот на мускулите се случува кога им вршите притисок и стрес“, рече Дикша. „Па, ако сакате вашиот задник да „расте“, мора да го „нагласите“ со тренинг за сила! Таа препорачува пет вежби кои ги прави секој ден во својот тренинг, а тоа се:

  • подигање колкови (вежба „мост“)
  • подигање на задникот (исто така вежба „мост“, но од лежечка положба)
  • кревање на нозете назад
  • мртво кревање
  • plie squats

„Комбинацијата од сите пет вежби ги погодува трите главни зони во мускулите на задникот“, објасни Дикса. „За време на вежбите се вклучени посложени движења, што значи дека се вклучени повеќе мускули одеднаш. Затоа, се губат многу калории, а истовремено се градат мускули“.

Сепак, најважното нешто што треба да се запамети е дека не можете да очекувате да го зголемите задникот ако не ја зголемите тежината на тегови со кои работите. „Како што вашето тело се прилагодува на вежбите, мора да внимавате секогаш да го давате максимумот и да ја надминувате границата, бидејќи на овој начин ќе додадете волумен и сила на глутеус максимус. Со други зборови, додека вежбате, треба да ги менувате вежбите и тежината на теговите за да постигнете најдобри и најбрзи можни резултати.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Живот и здравје
Comments are closed.

Check Also

Што се случува со крвниот притисок ако секој ден пиете сок од портокал?

Што се случува со притисокот ако секој ден пиете сок од портокал? Крвниот притисок зависи …