Home Вебкафе Оваа земја е првата во светот каде со закон е забранет нацистичкиот поздрав

Оваа земја е првата во светот каде со закон е забранет нацистичкиот поздрав

Владата на австралиската држава Тасманија денеска стана прва на планетата која со закон го забрани нацистичкиот поздрав, јави ДПА.

Главниот обвинител на Тасманија, Елис Арчер, рече дека Владата дала јасен сигнал дека однесувањето со омраза и навреда не е добредојдено во земјата.

Заедно со нацистичкиот поздрав, државата ги забрани нацистичките симболи, вклучително и свастиката.

„Силно го осудуваме секое прикажување на омраза во нашето општество“, рече Арчер.

Прекршителите може да бидат осудени на затворска казна до три месеци, се наведува во законот, кој се очекува да стапи на сила годинава.

Арчер рече дека законот го зема предвид значењето на свастиката за будистичките, хиндуистичките и џаинските верски заедници.

Федералната влада на земјата работи на забрана за прикажување и продажба на нацистички симболи на јавни места, но нацистичкиот поздрав не е вклучен во предлогот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Најдраматичните љубовни приказни на познатите кои нема да ве остават рамнодушни

Во светот каде љубовта често изгледа како совршена бајка, постојат приказни кои не само шт…