Home Вебкафе Балканска сељачана: Хрватски и српски го демолирале хотелот во Охрид во кој биле сместени на студентската екскурзија (снимка)

Балканска сељачана: Хрватски и српски го демолирале хотелот во Охрид во кој биле сместени на студентската екскурзија (снимка)

Студенти од Хрватска и Србија кои биле на студентска екскурзија во Охрид го демолирале хотелот во кој биле сместени.

Имавме посети од големи групи студенти, но досега ваков проблем не сме имале, изјавил менаџерот на хотелот од Охрид.

Скршен инвентар по соби, уништени тоалети, скршени прозорци, насекаде пивски шишиња, една соба се запалила.. бил резултатот по петдневната екскурзија на студенти од Хрватска, пишува хрватскиот портал „24 сата“.

Менаџерот на хотелот рекол дека гостите биле агресивни и предизвикале голема материјална штета. Во хотелот имало вкупно 1.250 студенти од 12 факултети за кинезиологија и кинзитерапија од целиот Балкан, а најбројни биле од Хрватска, кои ги имало 217.

Наводно, студентите палеле факели во собите и ходници.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Како да бидеш самоуверена жена во секоја прилика

Многу е полесно отколку што мислите! Секогаш кога самоуверена жена ќе влезе во просторија,…