Home Живот и здравје Ако сте купиле путер од кикирики Bio Chocolate Chip со овој сериски број АХВ апелира да не го јадете и да го вратите кај што сте го купиле

Ако сте купиле путер од кикирики Bio Chocolate Chip со овој сериски број АХВ апелира да не го јадете и да го вратите кај што сте го купиле

Македонската Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), постапувајќи по добиено известување преку Системот за брзо информирање за небезбедни производи на Европската Унија (RASSF), поради недеклариран алерген – млечен протеин, од пазарот повлече и нештетно уништи небезбеден производ – путер од кикиритки Bio Chocolate Chip peanut butter, увезен од Словенија.

Станува збор за производ со сериски број/лот: LO107, со рок на употреба 1.7.2023 година, од кој во ноември минатата година, со посочениот сериски број/лот, во земјата се увезени 30 прачиња.

„При контролата утврдено е дека операторот ‘Зегин’ ДОО ги има запазено сите процедури за повлекување и отповикување на небезбедниот производ од производителот Nature‘s Finest, односно преостанатите 6 затекнати парчиња биле соодветно повлечени од пазарот и складирани на посебно место во магацин. Небезбедните производи во присуство на инспектор за храна се нештетно уништени“, вели директорот на Агенција за храна и ветеринарство, Николче Бабовски.

Крајните потрошувачи што го имаат купено горенаведениот производ со посочениот сериски број/лот да нe гo јадат и да гo вратат на местото од каде што гo купиле.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

7 невидливи знаци дека телото и мозокот страдаат од несоница (и кога ви изгледа дека спиете)

7 НЕВИДЛИВИ ЗНАЦИ ДЕКА ТЕЛОТО И МОЗОКОТ СТРАДААТ ОД БЕЗСОНИЦА (ДУРИ И КОГА МИСЛИТЕ ДЕКА СП…