Home Актуелно Тетовка нападната од глутница од кучиња – на врисоците реагираа двајца мажи кои ја спасија (снимка)

Тетовка нападната од глутница од кучиња – на врисоците реагираа двајца мажи кои ја спасија (снимка)

На вознемирувачата снимка која беше објавена на социјалните мрежи се гледа како глутница кучиња скитници напаѓаат жена во Тетово, објави ТВ21.

Според снимката, десетина кучиња во еден момент се стрчаа кон беспомошната жена, која целата исплашена започна панично да бега, а притоа падна на земјата и почна да повикува за помош.

Како што може да се забележи на видеото двајца мажи веднаш притрчаа да и помогнат на жената околу која беа насобрани неколку кучиња, но тие успеаа да ги избркаат. Сѐ уште нема информации дали жената заработила некои повреди од овој напад.

Проблемот со кучињата скитници во Тетово е веќе присутен со години наназад, а властите никако да најдат решение за овој проблем.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

7 знаци дека станувате посреќни со годините (иако животот сè уште знае да биде хаотичен)

7 Знаци дека станувате посреќни со годините (и покрај хаосот којшто животот сè уште знае д…