Home Актуелно Извештај на УЈП: Скоро 20.000 работници во Македонија досега не зеле плата за февруари и март

Извештај на УЈП: Скоро 20.000 работници во Македонија досега не зеле плата за февруари и март

Скоро 20.000 работници од 12 илјади фирми не добиле плата за февруари и март, информираа денеска од УЈП.

Сања Лукаревска, директорка на Управата за јавни приходи изјави дека фирмите се од сите сектори, а дел од нив се повторуваат.

„Во месец март регистрирани се 69.156 работодавачи со 555.161 вработени. Од нив 56.073 исплатиле плата, а 5.716 работодавачи за 11.612 вработени не испратиле плата за третиот месец од годинава. За февруари пак, има 5.136 работодавачи кои не им пуштиле плата на вработените“, изјави Лукаревска.

Од почетокот на годината до денес се извршени 1.522 контроли и кај 702 субјекти се констатирани неправилности во однос на неиздавањето на фискални сметки и непоседување фискален апарат. Контроли имало и кај 33 златари од Тетово, Гостивар, Кичево и Битола, а кај 18 од нив имало огромни разлики во непријавениот промет кои се движеле и до речиси 3 илјади евра. Надлежноста за одземање на нелегалниот златен накит е кај пазарната инспекција.

На т.н. пластичарска улица во Скопје биле извршени 30 контроли, а кај 28 имало неправилности (не издавале фискална сметка и не воделе евиденција на прометот). Изречената казна била 15 дневна забрана за вршење дејност.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…