Home Актуелно 12 сантиметри нов пролетен снег на Попова Шапка

12 сантиметри нов пролетен снег на Попова Шапка

Утрово зимскиот центар Попова Шапка осамна со 12 сантиметри нов снег.

Од УХМР објавија дека снег има и во Лазарополе, а снежните врнежи ќе продолжат на повисоките планински места и во текот на денот.

На пониските места има врнежи од дожд, а локално ќе има услови за појава на грмежи. Попладне облачноста ќе се намалува и врнежите постепено ќе престануваат. Во текот на денот ќе дува умерен, по должината на Повардарието засилен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19 степени.

Во Скопје облачно со врнежи од дожд, кои попладне ќе престануваат и облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 15 степени.

Фотографија: We Have Snow

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…