Home Актуелно Сив и влажен понеделник

Сив и влажен понеделник

Денешниот априлски понеделник во Македонија носи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Кон крајот на денот облачноста ќе се намали.

Во Скопје oблачно со повремени врнежи од дожд и со слаб до умерен северен ветер и дневна температура до 13 Целиусови степени. Маврово 4, Охрид и Битола 9, Крива Паланка 11, Берово 8, Кавадарци 13, Дојран 15.

Утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец.

Во Скопје, променливо oблачно со сончеви периоди и со умерен до засилен северен ветер. Дневните температури ќе се движат од 7 до 18 степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…