Home Актуелно Експлицитна содржина: Снимка од ликвидирањето на жената која го изврши вооружениот напад во основното училиште во Нешвил

Експлицитна содржина: Снимка од ликвидирањето на жената која го изврши вооружениот напад во основното училиште во Нешвил

Завчера, во приватно христијанско основно училиште во Нешвил, САД, три деца и тројца возрасни беа убиени во нападот кој го извршила 28-годишна жена идентификувана како Одри Елизабет Хејл, поранешна ученичка во училиштето, која била убиена од полицијата на местото на настанот.

Убиените деца биле на возраст меѓу осум и девет години.

Полициската управа на Метро Нешвил објави снимка од камери на телото што ги носеле најмалку двајца полицајци. Камерите ги носеле Рекс Енгелберт и Мајкл Колазо, полицајците кои ја убиле жената што го изврши нападот во 10:27 часот.

На снимката се гледа како полицајци влегуваат во училиштето и го бараат напаѓачот. Постојано се огласува аларм за тревога.

Слушнале пукотници на вториот кат и се упатиле по скалите, покажува снимката. Полицајците се приближиле до звукот на пукањето, а Енгелберт, вооружен со автоматска пушка, го свртел аголот и пукал повеќе пати во едно лице во близина на голем прозорец.

Жената потоа паѓа на земја, по што друг службеник и пука четири пати со пиштол. „Престани да се движиш“, извикува додека напаѓачот лежи на земја.

Полицајците потоа и пријдоа на жената и го тргнаа пиштолот.

Полицијата во Нешвил претходно објави видео на кое се гледа како напаѓачот влегува во училиштето. На снимката, која се чини дека е од надзорните камери во зградата, се гледа како Одри Хејл пука во влезната врата и потоа се качува низ скршеното стакло за да влезе.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Најдраматичните љубовни приказни на познатите кои нема да ве остават рамнодушни

Во светот каде љубовта често изгледа како совршена бајка, постојат приказни кои не само шт…