Home Актуелно 18 мигранти пронајдени мртви во напуштен камион во близина на Софија – меѓу нив и едно дете

18 мигранти пронајдени мртви во напуштен камион во близина на Софија – меѓу нив и едно дете

34 лица беа хоспитализирани во медицински установи по трагедијата која се случи во близина на Софија, кај селото Локорско, каде во комбе беа пронајдени 18 мртви тела на мигранти, но и повредени луѓе. Меѓу починатите има и едно дете од 6 или 7-годишна возраст, јави БНТ.

„Хоспитализираните пациенти се во тешка состојба, но не се во животна опасност. Сè што е потребно пружаме, како итна помош и реанимација“. Ова го соопшти министерот за здравство, д-р Асен Меџидиев, откако на лице место се запозна со здравствената состојба на настраданите во несреќата.

Министерот Меџидиев истакна дека веднаш по пријавата за инцидентот испратени се 6 екипи од Центарот за итна медицинска помош – Софија.

„Во моментов се справуваме со ситуацијата. Колегите реагираат исклучително брзо и професионално. Медицинските установи веднаш обезбедија дополнителни екипи. На настраданите ќе им пружиме најдобра можна медицинска помош“, изјави д-р Меџидиев.

Според првичните информации, мигрантите починале од задушување.

Според информациите на Бугарската национална телевизија (БНТ), мигрантите требало да бидат префрлени од бугарско-турската граница до бугарско-српската граница.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…