Home Актуелно Турските државјани се гневни поради бавниот и несоодветен одговор на Владата на последиците од разорните земјотреси

Турските државјани се гневни поради бавниот и несоодветен одговор на Владата на последиците од разорните земјотреси

Турците се гневни поради, како што велат, бавниот и несоодветен одговор на турската Влада на последиците од разорните земјотреси што ја погодија земјата во понеделникот и вторникот.

Според сегашните податоци, повеќе од 8.400 луѓе загинале, илјадници се повредени, а бројките постојано растат. Спасувачите постојано ги пребаруваат урнатините, но им пречи студот, уништените улици и лошата инфраструктура.

Турскиот претседател Таип Ердоган прогласи вонредна состојба во 10 провинции, која ќе трае три месеци.

Од друга страна, дел од жителите на силно погодените градови изразија гнев и очај поради бавниот одговор на властите на најсмртоносниот земјотрес што ја погоди Турција во последните децении.

„Овде нема ниту еден човек, никој не помага. Снег врне, бездомници сме, без ништо. Што да правам, каде да одам“, изјави за Ројтерс Мурат Алинак, чиј дом во Малатија се урна.

Жителите на градот Газиантеп наведуваат дека 12 часа по земјотресот не пристигнала ниту една спасувачка екипа и дека морале сами да ги пребаруваат урнатините, а кога конечно дошле спасувачите во понеделникот вечерта, работеле само неколку часа, а потоа паднало ноќ, пишува „Гардијан“.

Многу Турци го искажаа својот гнев на интернет поради, како што рекоа, невнимателниот одговор на итната состојба во најјужната провинција Хатај, при што многумина се жалеа дека спасувачите дури и не успеале да стигнат до областа.

Во Хатај, земјотресот срамни со земја неколку владини згради, вклучително и локалниот огранок на турската агенција за помош при катастрофи.

Гневот расте и поради „таксата за земјотреси“ што турската влада ја воведе пред повеќе од 20 години. Планот за воведување на тој данок се состоеше од трошење на околу 4,5 милијарди евра за превенција од катастрофи и развој на служби за итни случаи.

„Каде отидоа сите наши даноци собрани од 1999 година? 61-годишниот Џелал Дениз изјави за АФП, чие семејство остана заробено под урнатините.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…