Црниот биланс од земјотресот во Турција и Сирија се искачи на над 3.000 загинати


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фаталниот земјотрес со катастрофални последици кој вчера ги погоди Турција и Сирија резултираше со црн биланс од досега загинати над три илјади лица, јавува Ројтерс.

Според податоците на Управата за вонредни ситуации (АФАД) во Турција настрадале 1.762 лица, додека 12.068 се повредени.

Најмалку 1.293 лица настрадале во Сирија, според податоците на владата во Дамаск и спасувачите во северозападниот регион под контрола на бунтовниците.

Се очекува бројот на мртви и повредени дополнително да расте.