Home Актуелно Едно лице загина во верижен судир на 200 возила во кинескиот град Женгжу (снимка)

Едно лице загина во верижен судир на 200 возила во кинескиот град Женгжу (снимка)

Едно лице го загуби животот во верижен судир на автопат во кој учествуваа околу 200 возила во централниот кинески град Женгжу, објави денеска државната телевизија ЦЦТВ.

Воздушните снимки покажуваат автомобили, комбиња и камиони натрупани на еден дел од автопатот. До несреќата дошло поради слаба видливост поради магла, јавуваат државните медиуми.

„Во средата наутро имаше ненадејна акумулација на магла на мостот на Жолтата река во Женгжу, што предизвика сообраќајна несреќа во која учествуваа повеќе возила“, соопштија властите додавајќи дека едно лице загинало.

Голем дел од повредените останале заробени во своите возила, а противпожарната служба испратила 11 возила и 66 пожарникари на помош, јавија државните медиуми.

„Ова е страшно. Овде има многу луѓе, мислам дека не можеме да се симнеме од мостот“, се слуша како вели едно лице на една снимка.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

7 знаци дека станувате посреќни со годините (иако животот сè уште знае да биде хаотичен)

7 Знаци дека станувате посреќни со годините (и покрај хаосот којшто животот сè уште знае д…